https://www.flickr.com/photos/102479362@N02/28092088726/in/photolist-JNpigm-8X4ANh-6Gabwc-73bxYR-jnLNB-611oyq-56LJ9L-CAFTTF-2nvpQQD-24t1uKP-6W5ajv-6uXjcr-2mZytC2-2mZDvsZ-HxWzo-bdpSs4-5s2M7b-5s2M1d-8PLjon-8PPzru-4kTzLp-iSWv3b-81tLtW-5PwRJE-9FXsbF-o4Ykz1-9rV1Mz-P7Xx1-8dZPH9-dCwunR-2m9yEUc-mfyyD-L4DnoC-2m1BJR1-HjKYEv-wtAUJs-8sUq2-5rfaAa-burvdJ-4Tg3MQ-4TbQhn-bHmhWn-4SpKLh-UAotNy-dMhNbT-611prd-6ub6gD-nMgk93-K5qomY-bzyb22

06.12.2023 Скопје

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика властите ширум светот да ги зголемат даноците за алкохолните пијалоци и слични производи кои во моментов не се оданочуваат, како виното во одредени европски земји.

Пијалоците кои содржат шеќер, исто така, треба да се оданочуваат со повисоки стапки, соопшти СЗО, наведувајќи го фактот дека секоја година 2,6 милиони луѓе умираат од консумирање алкохол, а околу осум милиони луѓе умираат од нездрава исхрана.

„Оданочувањето на таквите производи со повисока стапка ќе создаде поздрава светска популација“, рече директорот за промоција на здравјето во СЗО, Ридигер Крех.

„Тоа би имало позитивен ефект врз целото општество, би довело до намалување на болестите и би ги зголемило приходите за властите да обезбедуваат јавни услуги“, рече Крех, додавајќи дека оданочувањето на алкохолот со повисоки стапки, исто така, може да доведе до превенција. на насилство и сообраќајни несреќи..

СЗО објави и „прирачник за оданочување на алкохолот“, во кој се наведува дека повеќето даноци за алкохол во светот се „ниски и не се оптимално дизајнирани“, како и дека виното воопшто не се оданочува во 22 земји во светот, главно во Европа.

Според податоците на СЗО, консумацијата на алкохолни пијалоци е најчеста причина за повеќе од 200 болести и повреди, вклучувајќи некои видови на рак, цироза на црниот дроб и многу кардиоваскуларни заболувања.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author