15.12.2023 Скопје
Три лица се уапсени во Србија и едно во Чешка во голема акција на полицијата и Обвинителството за високотехнолошки криминал поради лажни дојави за бомби.
Во тек се претреси на повеќе локации. Пронајдена е поголема количина ИТ опрема.
За потсетување, МВР вчера соопшти дека до крајот на денот се очекува да биде спроведена опсежна меѓународна акција за апсење на лица поврзани со чести пријави за експлозивни направи во различни образовни институции на територијата на Србија.
Министерството за внатрешни работи наведува дека интензивно соработува со сите релевантни институции на национално и меѓународно ниво за идентификување на IP адресите на испраќачите на пријавите и нивните корисници.
Од почетокот на учебната 2023/2024 година. Од 2010 година до денес на неколку десетици електронски адреси во различни образовни институции на територијата на Србија се пристигнати вкупно 80 пријави за бомби, се вели во соопштението на МВР.
Подготвено од А.Ѓ.