13.12.2023 Скопје
Директорот на независната групација во американската агенција за кредитен рејтинг „Фич“, Пол Гембл, истакна дека по пандемијата на корона, Србија ги има постигнато едни од најдобрите економски резултати во Европа, потенцирајќи дека Владата на Србија ги има рационализирано трошоците и го има намалено долгот, што е поддржано од силниот економски раст и инвестициите.
„Директните странски инвестиции во Србија генерираат прилив кој во просек изнесува од пет до седум отсто од БДП“, додаде Гембл, оценувајќи го деловното опкружување во Србија како позитивно.
Според официјалните податоци, успешната приказна на Србија датира од пред пандемијата и во изминатите 15 години, Белград има следено успешна програма за економски реформи, кои имаат помогнато да се преструктуира економијата, која традиционално се потпираше на лесната индустрија и агробизнисот, и се движи кон информациско-комуникациските технологии (ИКТ) и информатичката економија.
Србија неодамна потпиша меморандум за разбирање со Ginkgo Bioworks од САД за лансирање на стартап акцелератот за биоекономско инженерство.
Додека пак, одделот за е-трговија на српската Делта Груп, Ананас, се прошири во Република Северна Македонија, со стекнување на две локални групи за е-трговија, Grouper и Paopao, во првиот чекор кон поголема регионална експанзија, со цел да стане „Амазон“ на Балканот.
Гембл истакна дека ИКТ сега е најбрзо растечкиот сектор во Србија, поттикнат од приливот на млади Руси, од кои околу 200.000, според извештаите на медиумите, кои сакаат да избегнат да бидат вовлечени во војната во Украина.
Исто така, тој посочува дека енергетиката е уште еден сектор кој брзо се развива и дека Србија сака да ја намали употребата на неефикасен и загадувачки лигнит, кој во моментов сочинува 70 отсто од потрошувачката на енергија, да ја поттикне употребата на зелена енергија и да ги реформира енергетските компании кои имаат монопол и прават загуби.
Економскиот раст на Србија е поддржан од големите инвестиции во патишта и друга инфраструктура и огромниот прилив на директни странски инвестиции во износ од околу 42 милијарди долари од 2007 година, покажуваат податоците на националната инвестициска агенција, а само минатата година околу 4,3 милијарди .
Голем дел од овие инвестиции доаѓаат од ЕУ, особено во автомобилската и прехранбената индустрија, а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината посета на почетокот на ноември. Сето тоа помогна да се подигне животниот стандард и Србија да добие меѓународна репутација како земја исклучително поволна за инвестиции и многу постабилна од околните земји, истакнува американскиот магазин.
Тој потсетува дека „Експо 2027“ ќе се одржи во Белград од мај до октомври истата година и дека ќе биде првпат да се одржува во Југоисточна Европа.
Планирани се околу 12 милијарди евра инвестиции, вклучувајќи нова изложбена локација, нови стадиони, музеи и речни пристаништа и подобрена инфраструктура, а се очекува Експо да привлече три милиони туристи.
Во неодамнешниот извештај на ММФ, беше заклучено дека, иако економијата на Србија, како и другите ширум Европа, е погодена од зголемувањето на цените на храната и енергијата, таа покажа отпорност и дека дефицитот планиран за 2024 година е ограничен на 2,2 проценти на БДП.
Споредено со земјите од регионот, растот на Србија е задржан, а БДП се очекува да порасне за околу два проценти оваа година и 3,5 проценти следната година, што е блиску до среднорочниот потенцијал од четири проценти годишно, списание.
Инфлацијата во Србија се очекува да се намали од осум проценти оваа година на 5,6 проценти во 2024 година и четири проценти во 2025 година.
Подготвено од А.Ѓ.