19.12.2023 Скопје
Марија Габриел, шефица на бугарската дипломатија, вели дека Бугарија нема да ги олабави своите ставови кога станува збор за обврските кои треба да ги реализира Република Северна Македонија на патот кон Европската унија, и дека уставните измени нема да бидат единствен услов.
Марија Габриел меѓу другото вели и дека кога некоја држава сака да стане членка на Европската унија мора да ги исполни обврските што самите тие ги превзеле, алудирајки на Република Северна Македонија.
Подготвено од М.Д.