https://www.flickr.com/photos/142872259@N05/40015536335/in/photolist-23Y35Qg-aNojcg-ThRqmz-22ucTZJ-dyijoT-bpaggu-R3dDUX-MfRRdR-MLqp5q-azebNv-ETASk9-9dbame-4aDqiQ-9vQrNr-8pcJyJ-xRCxEe-Gamq9A-5NMMvM-7ZSHof-2MFsBo-8otKP2-7iFb8y-D51oRc-5DAiqj-br1GHx-c5LHYj-R3dCDR-fdhtaX-R3dy6n-R3dAMp-cYnN9o-c5LJaE-srJ9wE-eEtJRP-4Mc6TC-Ufc6i7-u452Ld-FjnFeG-2dpQKXR-XsmrkQ-22qpur9-Xsmykm-5nEjWh-56V6S9-8SKd7g-8SKcBK-8TAzRx-UsGBeM-2dGFLUL-fAAp5Q

15.12.2023 Скопје

Словенечката влада одлучи да ги продолжи полициските контроли на границата со Хрватска и Унгарија до 22 јуни 2024 година, наведувајќи ги „значително влошување на безбедносната ситуација на Блискиот исток“, терористичките закани, безбедносната ситуација во Авганистан и насилните конфликти во неколку африкански земји како причини.

Словенија првпат воведе проверки на 21 октомври, во согласност со член 28 од Шенген правилата за граници, кои може да се вршат најмногу два месеци, а сега се повикува на член 25, кој дозволува полициски проверки за дополнителни шест месеци.

По седницата, Владата соопшти дека нивото на ризик од тероризам е сè уште покачено, во Словенија и во други земји во Европа, при што заканата за една членка на Шенген зоната претставува закана за сите членки.

Полицијата во неколку земји на ЕУ уапсила неколку државјани на трети земји во антитерористички рации, додека миграциските текови претставуваат „безбедносен ризик во овој контекст“, се вели во соопштението на словенечката влада.

„Словенија во моментов не ги проверува сите патници и истиот систем ќе остане во функција, со насочени проверки фокусирани на спречување на тероризам, екстремизам и прекуграничен криминал“, се вели во соопштението на словенечката влада.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author