28.12 2023 Скопје
Во Основниот кривичен суд – Скопје, јавниот обвинител кој постапува по предметот „Феникс“ поднесе обвинение против 6 лица, обвинети за кривично дело, поткуп, и перење пари.
Јавниот обвинител го терети организаторот на групата дека во период од 2008 до 2022 година, криел и располагал со средства добиени од кривичното дело, притоа создавај’и група за перење пари. Групата преку сомнителни трансакции во јавните финансии, при што го криела потеклото на парите, и преку купување на недвижнини ги претварала во други средства.
Со пренаменување на средствата, нивното потекло било прикриено и потоа тие биле пуштени во оптек со купување на имот, во, но и надвор од државата, при што биле преобразени во друг вид на имот или имотни права, се со цел да се сокрие нивната локација и нивниот прифит.
Тројца од обвинетите добија мерка куќен притвор, како не би можеле да влијаат на процесот и како не би можеле да извршат бегство.
Во судскиот процес на обвинетите ќе им биде ставен на конфискација и имот кој е незаконски стекнат, меѓу кој има хотели, деловни простории и станбени површини.
Подготвено од М.Д.