https://www.flickr.com/photos/slgc/49592051631/

05.12.2023 Скопје

Устата би можела да биде една од првите области што ќе не предупреди за недостаток на витамин Б12, кој, меѓу другото, се грижи за функцијата на централниот нервен систем и ги одржува здрави крвните садови.

Според Медицинскиот факултет Харвард, тешкиот недостаток на витамин Б12 може да доведе до длабока депресија, параноја и заблуди, губење на меморијата, инконтиненција, губење на вкус и мирис и многу други симптоми. Некои од нив можат да се појават во устата.

Глоситис

Глоситис е воспаление на јазикот. Овој симптом на недостаток на Б12 предизвикува отекување на јазикот и промена на неговата боја и текстура. Глоситисот често се манифестира со болка и осетливост. Исто така, може да го отежне зборувањето, јадењето или голтањето.

Губење на вкус

Глоситис може да предизвика исчезнување на мали испакнатини на површината на јазикот. Со оглед на тоа дека станува збор за пупки за вкус, логичната последица е оштетување, односно губење на вкусот.

Стоматитис

Стоматитис е рана или воспаление во усната шуплина. Раната може да се наоѓа на образите, непцата, внатре во усните или на јазикот. Обично има кружна или овална форма со бел или жолт центар и црвени, воспалени рабови. Ако почувствувате какви било симптоми на недостаток на витамин Б12, кажете му на вашиот лекар. Добрата вест е дека состојбата може да се открие врз основа на симптоми и едноставен тест на крвта.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author