19.12.2023 Скопје
Во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што ја погоди северозападна Кина загинаа најмалку 118 луѓе во провинцијата Гансу и соседната провинција Чингхаи.
Претседателот Си Џинпинг повика на дополнителни напори во операциите за пребарување и спасување.
Земјотресот се случи во понеделникот во 23:59 часот по локално време на длабочина од 10 километри во округот Жишишан, Гансу и на околу 100 километри југозападно од главниот град на провинцијата Ланжу, при што беа повредени најмалку 500 луѓе и оштетени околу 6.400 куќи во областа и патиштата и друга инфраструктура, соопштија локалните кинески власти.
Утринава е потврдена смртта на 105 лица, а 397 повредени во провинцијата Гансу, од кои 16 се во критична состојба, изјави на прес-конференција портпаролот на локалната служба за итни случаи.
Уште 13 лица загинаа, а 182 се повредени во Кингхаи, во областа северно од епицентарот, јавија државните медиуми.
Уште 20 се водат како исчезнати во Чингхаи, откако биле затрупани во лизгање на земјиштето.
Земјотресот бил почувствуван во повеќето околни области, вклучувајќи го Ланжу, главниот град на провинцијата Гансу, на околу 100 километри североисточно од епицентарот.
До 8 часот по локално време, регистрирани се 32 последователни потреси, од кои најголемиот бил со јачина од 4 степени, соопшти покраинскиот оддел за итни случаи.
Кинеското Министерство за финансии и Министерството за вонредни ситуации денеска доделија 200 милиони јуани (28 милиони долари) помош за погодените провинции Гансу и Чингхаи.
Подготвено од А.Ѓ.