zemjotres turcija

08.12.2023 Скопје

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Мексико, соопшти Сеизмолошкиот институт на Мексико.

Алармите за предупредување за земјотрес се огласија низ главниот град на Мексико, поради што луѓето бегаат од домовите и деловните објекти.

Властите на Мексико Сити соопштија дека нема информации за штети или жртви.

Според податоците објавени на веб-страницата „volcanodiscovery“, епицентарот бил на 17 километри од градот Матаморос, на длабочина од 54 километри.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author