https://www.flickr.com/photos/107419833@N07/15630227516/in/photolist-2mLBU6w-pPc16j-2i1L1YP-2j96C7B-2j3dkKZ-C7L8oE-2kVwZu1-2neBaDH-2n2mKKp-QwEDWD-2iWJkZZ-nPxtbe-22odYd5-KByECr-2hHdpgq-2mw5Hhe-2kd4of8-F1J7Gd-yRZo4K-2kMSCo7-9j3Dke-2ksYy4S-2nkfyWk-oFoCVp-2mXTeGU-2m3AZFv-JPLk3C-2hvb7Zc-2kuSzmc-2iF2qC9-2ktq7FX-o6BLmv-2jhZMVb-X1qgfb-2mWsjRq-2kRPkW7-PpsWrJ-Vw7Dbh-jffssX-2jESR9r-EeHy16-2jfrKoK-2nLeWCn-2iDvuub-2jhYwgw-2jtUyH2-DWS2Us-oNBrXt-WKEcqo-Ujbxyv

21.12.2023 Скопје

Хрватска изминатата година ќе ја памети по се повеќе мигранти и шверцери на мигранти.

Бројот на оние кои се обиделе илегално да ја преминат границата се зголемил за 40 отсто, а бројот на оние кои се обиделе да ги префрлат, заедно со апсењата, се зголемил за неверојатни 97 отсто.

Деновиве е мирно и идилично покрај реката Сутла. Иако сè уште има жица прикачена на неа.

„Тие навистина не се низ селото, одат наоколу и позади куќи и слично, инаку поминуваа низ бавчи, можеби е поради зимата, можеби поради зголемената полиција, не знам, но јас секако ги поддржувам граничните контроли“, изјави Ратко Цветковиќ од словенечките места Ригонце.

Контролите што ги спомнува се вратија на границите пред два месеци, ќе останат уште најмалку шест, но не во формата како пред Шенген.

Полицијата регистрирала 68.360 илегални гранични премини, што е за 41,5 отсто повеќе од лани, иако со голем пад во есенските месеци. Но, уште поголем пораст има кај шверцерите на мигранти, полицијата годинава уапси 1.773 шверцери и олеснувачи, што е за 97 отсто повеќе од лани и потврда дека се работи за разгранување.

„Шверцот на мигранти е веројатно најпрофитабилниот бизнис во Европската унија во моментов. Се вртат многу повеќе пари отколку во бизнисот со дрога. Значи, пет илјади евра само за префрлање преку територијата на соседна земја“, вели шефот на Службата за илегална миграција на МУП, Звонимир Врбљанин.

Но, она што малкумина го знаат е дека во Хрватска, како и низ цела Европа, има необележани гробови каде во изминатата деценија биле закопувани мигранти, кои загинале обидувајќи се да стигнат до Европската унија, многумина и пред да се утврди кои се тие.

Три гробови во градот Сиче откри истражувачката новинарка Барбара Матјечиќ, која шест месеци работеше на истражување со колеги од Европа. Тие успеале да потврдат 1.931 такви гробници.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author