28.12.2023 Скопје
Комитетот за надворешни работи на турскиот парламент ја одобри кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, 19 месеци по поднесувањето на барањето за влез во Алијансата. Се очекува парламентот да ја ратификува кандидатурата за неколку недели.
Комитетот за надворешни работи на турскиот парламент на седницата ја одобри кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.
Следен чекор е гласањето на Парламентот, кое треба да се случи во наредните недели, а се очекува да биде усвоена и шведската кандидатура.
Потоа се очекува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го потпише законот. Шведска и Финска побараа прием во НАТО минатата година, а Анкара само го ратификуваше барањето на Финска.
Ердоган во декември предложи парламентот да го одобри барањето на Шведска само доколку американскиот Конгрес и дозволи на Турција да купи десетици борбени авиони Ф-16 и резервни делови и доколку другите сојузници на НАТО, вклучително и Канада, го укинат ембаргото за оружје за Анкара.
Унгарија допрва треба да ја ратификува шведската кандидатура за таа земја да стане членка на НАТО.
Подготвено од А.Ѓ.