belgrad nish zheleznica

02.12.2023 Скопје

Штрајкот на француските железничари го прекина железничкиот сообраќај низ Франција.

Возовите на северот на Франција не сообраќаат на релација Кале-Данкерк, додека железничкиот сообраќај во Нормандија е ограничен на линиите Париз-Трувил и Авр-Фекан, како и од насоката Рајна.

Една четвртина од возовите се запрени на југоистокот на земјата, а се очекува штрајкот во голема мера да го попречи сообраќајот во регионот Оверњ-Рона-Алпи.

Штрајкот ќе го зафати и регионот Гранд Ест, а на релација Ремс и Дижон нема да има возови. Во Аквитанија, особено во Поат-Шарент, постојат ограничувања за железничкиот сообраќај.

Возовите ќе сообраќаат непречено само во Бретања.

Штрајкот е организиран поради незадоволството на работниците од низа проблеми, меѓу кои немањето вработени и работни места и редовното одбивање на барањата за годишен одмор.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author