09.12.2023 Скопје
Акните не се резервирани само за пубертетот, туку можат да се појават и подоцна во животот. Можно е да ги спречите со промена на некои животни навики, па затоа е добро да знаете што ги предизвикува. Посета на дерматолог е добра опција.
Можеби хормоните се виновни
Некои навики, како и влијанието на хормоните, значително влијаат на чистотата на тенот. На пример, веројатно сте запознаени со ситуацијата кога ќе добиете акни по линијата на вилицата и брадата неколку дена пред очекуваниот период.
Ова се случува поради флуктуации на хормоните, така што е поврзано дека покаченото ниво на прогестерон (што се случува по овулацијата) може да биде поврзано со појава на акни поради зголеменото производство на себум. Андрогените (машки хормони) како тестостеронот, исто така, можат да го зголемат производството на себум и затоа можат да предизвикаат акни и кај жените и кај мажите.
Друг хормон – кортизол – може да биде виновен за појава на акни. Имено, кога сте под стрес, надбубрежната жлезда ослободува кортизол, кој обично се нарекува „хормон на стрес“.
На чистотата на тенот може да влијае и исхраната, па затоа треба да се обидете да јадете варени, здрави и урамнотежени оброци и дефинитивно да вклучите овошје и зеленчук, пилешко и риба, а избегнувајте премногу шеќер и масна храна.
Но, тоа не е сè – можеби вашето лице е полно со акни не поради хормоните, туку поради лошите навики како легнување со шминка.
Тоа е најлошото нешто што можете да и го направите на вашата кожа. Дополнително, неопходно е често да ги менувате навлаките за перници, да избегнувате да го допирате лицето со раце и внимателно да прочитате кои производи за нега на кожа ги купувате. Обидете се да користите производи кои велат дека се „без маснотии и „нема да ги затнат порите“, особено ако имате мрсна или комбинирана кожа склона кон акни.
Затоа кога станува збор за нега на кожата, држете се до правилото дека помалку е повеќе, избегнувајте агресивни производи за лице. Ако видите дека нема напредок, задолжително контактирајте со дерматолог кој ќе ја процени ситуацијата и ќе види што е најдобро за вас.
Подготвено од А.Ѓ.