18.12.2023 Скопје
Дијастазата е честа состојба кај бремени и постпартални жени.
Се јавува кога стомачните мускули се одвоени за време на бременоста од истегнување.
Стомакот на тој начин може да се испакнува или да излегува со месеци или години по породувањето.
Според Healthline, за време на бременоста, стомачните мускули и сврзното ткиво се растегнуваат од матката, која се шири како што расте бебето. Исто така, напрегањето за време на породувањето исто така може да доведе до дијастаза.
Многу жени не се сигурни како да препознаат дека станува збор за дијастаза, но симптомите се уште постојат.
Како што објаснуваат експертите, најчест симптом е испакнатоста на стомакот што не исчезнува, особено кога ги напрегаме или затегнуваме стомачните мускули.
Други знаци вклучуваат: болки во долниот дел на грбот, лошо држење на телото, затвор и надуеност.
Некогаш може да се јави болка во карлицата, што може да ѝ оневозможи на жената да ги извршува секојдневните задачи, дури и наједноставните.
Подготвено од А.Ѓ.