lisici na race

13.12.2023 Скопје

Шпанската полиција соопшти дека запленила 7,5 тони кокаин од Јужна Америка во северозападното пристаниште Виго, скриен во замрзната туна. Дрогата требало да биде дистрибуирана низ цела Европа, велат од полицијата.

Во акцијата на шпанската полиција уапсени се 20 лица припадници на две организации од Балканот, што, според соопштението, е „голем удар“ за една од најсилните дистрибутивни мрежи во Европа.

Полицијата соопшти дека тоа е најголемата количина досега запленета во Галиција, шпанскиот атлантски регион, која шверцерите ја користеле со децении за дистрибуција на дрога во Европа.

Шверцерската мрежа основала компанија за увоз и трговија на замрзната стока од различни делови на светот и за инвестирање во недвижности, а компанијата ја користела како фронт за шверц на дрога.

За време на повеќемесечниот надзор на компанијата, шпанската полиција утврдила дека компанијата ја прикривала својата вмешаност во шверц на дрога испраќајќи голем број контејнери со ознаки на различни компании од целиот свет до други пристаништа на Пиринејскиот Полуостров.

Полицијата запленила и 3,5 тони кокаин скриен во транспортни контејнери во пристаништето Валенсија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author