korona virus kina

16.12.2023 Скопје

Во Кина се регистрирани седум случаи на зараза со подваријантата на ковид 19 „ЈН.1“, соопшти Државната управа за контрола и превенција на инфекции.

Во соопштението за печатот се наведува дека нивото на преваленца на подваријантата „JN.1“ во моментов е „многу ниско“ во Кина.

Сепак, администрацијата забележува дека не може да ја исклучи можноста оваа подваријанта да стане доминантен вид на корона вирусот во Кина, поради голем број фактори, вклучително и „увезени случаи“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author