Image by jcomp on Freepik

29.12.2023 Скопје

Експертите веруваат дека германската влада нема да го исполни ветувањето дека целосно ќе стави крај на бездомништвото во Берлин до 2030 година.

Ситуацијата се влошува со зголемените трошоци за живот, недостатокот на станбен простор и повисоките цени на становите, кои тешко ги погодуваат германските семејства. Меѓутоа, за време на Божиќ, хуманитарните организации и волонтерите даваат се од себе да им помогнат на бездомниците и да им обезбедат донации.

Организацијата Архе набавува храна за сиромашните семејства и деца. Кога Aрхе беше основан пред речиси 30 години, имаше 1,2 милиони деца во финансиска сиромаштија во Германија. И покрај падот на раѓањата, детската сиромаштија се зголеми тројно и сега изнесува повеќе од три милиони.

Излегувањето од стапицата на сиромаштијата изгледа речиси невозможно за некои луѓе. Основачот на Aрхе, Бернд Сигелков, вели дека „сиромаштијата не е само финансиска, туку и емотивна“. Тој изјави дека многу од луѓето што Архе ги поддржува се самохрани мајки.

Децата се изложени на ризик од изолација кога нивните родители не можат да си дозволат да учествуваат во различни социјални активности, вклучително и одење на кино со пријателите или соучениците. Некои деца се малтретирани затоа што се „сиромашни“ и на крајот се откажуваат, губејќи надеж дека ќе станат нешто повеќе од приматели на социјална помош.

Сигелков вели дека Владата треба повеќе да инвестира во овие деца за да им даде иднина.

Но, сиромаштијата е видлива и на улиците. Оваа година, според официјалните податоци, значително е зголемен бројот на бездомници ширум Германија. Ладните автобуси доставуваат бездомници во прифатилишта, каде што им се дава топла храна и вреќи за спиење.

Волонтерите на организацијата предупредуваат дека се зголемува бројот на бездомници кои користат инвалидски колички, а во Берлин има само неколку автобуси опремени да ги превезат до некаде потопло.

Волонтерот Матијас Форстер вели дека автобусот може да сообраќа непрекинато во текот на вечерните часови додека температурите се намалуваат и ги повикува луѓето да не ги игнорираат оние на улиците. Сепак, многу засолништа во кои луѓето можат да ја поминат ноќта се пополнуваат за неколку часа.

„Има премалку места во Берлин“, вели Форстер.

Државната статистика вели дека 57 отсто од бездомниците со германско државјанство се принудени да излезат на улица откако ќе им се прекине закупот. Околу 25 отсто од оние кои спијат надвор се жени.

Оваа недела, банката за храна Тафел спакува повеќе од 10.000 торби за оние на кои им е најпотребна во текот на божиќната сезона, но велат дека владата треба да стори повеќе за да помогне.

Германската влада, од која се очекува да помогне, и самата е во длабока криза, а според последното истражување објавено во весникот „Шпигел“ дури 70 отсто од испитаниците дале негативна оценка.

Канцеларот Олаф Шолц падна во рангирањето за 14 процентни поени и се наоѓа на 14-то место од 20 политичари во однос на позитивниот рејтинг.

Според на истражувањето на Институтот за нови социјални одговори (ИНСА), имаат вкупна поддршка од само 33 отсто од испитаниците.

Тоа е дури 20 процентни поени помалку од она што го освоија на изборите пред две години.

Наглиот пад на владејачката коалиција го искористи десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД), која е попопуларна од кога било. Според анкетите за покраинските избори во 2024 година во трите германски сојузни покраини Бранденбург, Саксонија и Тирингија, АфД води насекаде во анкетите со поддршка од 30 проценти и повеќе. Сепак, нивниот најголем проблем, според германските медиуми, е што никој не сака да влезе во коалиција со нив.

Но, тоа не го спречи столарот Тим ​​Лонер да стане градоначалник, откако на 17 декември победи на изборите во градот Пирна со 39.000 жители, како непартиски кандидат предложен од АфД.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author