28.12.2023 Скопје
Дунав се излеа во Будимпешта, откако нивото на реката се зголеми поради неодамнешните врнежи од дожд и снег.
Речиси 1.200 километри во Унгарија се под предупредување за поплави, а реката Дунав се излеа во Будимпешта.
Во главниот град на Унгарија во вторникот во 10 часот нивото на водата изнесуваше 636 сантиметри, а денеска се очекува да достигне максимум од 680 сантиметри.
Поради покачувањето на водостојот, започна отстранувањето на другите возила на затворените долни кејови Буда и Пешта, кои се очекува да бидат поплавени на повеќе места, соопштија од кабинетот на градоначалникот.
Затоа, необични сцени доаѓаат од Будимпешта. Фотографиите и видеата покажуваат колку реката се излеала и ги покрила долните шеталишта покрај реката во центарот на градот.
Бидејќи Дунав имаше понизок водостој во текот на есента во Србија, коритото на реката беше подготвено за дотек на поголема количина на вода. Во претходниот период беше прогласена редовна заштита од поплави на делот на течението низ Србија од Бездан до Нови Сад.
Дунав продолжува да расте и во наредните денови, особено во горниот тек низ Србија, а се очекува ново покачување, на места за околу половина метар, но никаде во Србија не се очекува да се постигне вонредна мерка за одбрана од поплави.
Иако во горниот тек низ Србија, водостојот на Дунав ќе биде значително повисок од границата на редовна одбрана, тој нема да ја достигне границата на вонредните мерки за поплави. Затоа, во Србија нема ризик од поплави, а локални излевања може да се случат само таму каде што областите во руралните средини не се бранат.
Кога станува збор за Дунав низводно од Земун, не се очекува да се постигне редовна заштита од поплави.
Во наредниот период Дунав ќе има висок водостој во Србија, особено за овој период од годината, а иако во Србија подолго време преовладува стабилно време без врнежи, евидентиран е огромен пораст поради врнежите во горниот басен на Дунав од Германија до Австрија.
Подготвено од А.Ѓ.