pakistan uvoz nafta od rusija

01.12.2023 Скопје

Саудиска Арабија ќе продолжи да го намалува производството на нафта за 1 милион барели дневно до „крајот на првиот квартал на 2024 година“, задржувајќи ја својата стратегија насочена кон поддршка на цените на суровата нафта, соопшти денеска Министерството за енергетика.

Ријад ја спроведе оваа политика на дополнителни намалувања во јули, со доброволно намалување од 500.000 барели дневно објавено уште во април.

Русија ќе поддржи намалување на производството на нафта на 500.000 барели дневно до крајот на март 2024 година, најави вчера вицепремиерот задолжен за енергетика Александар Новак, по состанокот на земјите од ОПЕК.

Во изјавата на вицепремиерот се вели дека „Русија ќе додаде на доброволното намалување на снабдувањето со нафта од 300.000 барели дневно за дополнителни 200.000 барели дневно, зголемувајќи го на 500.000 барели дневно, а продолжувањето ќе трае до крајот на првата четвртина“ од 2024 година во координација со одредени земји од ОПЕК.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author