kukja i kirii

02.12.2023 Скопје

Германија е единствената членка на Европската унија со повеќе потстанари отколку сопственици на сопствени куќи или станови, соопшти Евростат, додавајќи дека уделот на постанарите во Германија е 53 отсто.

Австрија е на второ место на оваа листа со 49 отсто станари, а Данска е на трето место со 40 отсто, се наведува на веб-страницата на организацијата.

Ако се погледне на другиот крај на листата, регистрирани се најмногу луѓе кои живеат во сопствена куќа или стан, во Романија – 95 отсто, Словачка – 93 отсто и Хрватска – 91 отсто.

На ниво на целата Европска унија, во 2022 година, 69 отсто од граѓаните живееле во сопствен стан или куќа, додека 31 отсто припаѓале на категоријата станари, се заклучува во извештајот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author