https://www.flickr.com/photos/porter_green_llc/34801849714/in/photolist-V2jzrC-2n5WWNu-Wzcg4i-2mPv63x-2h4u5tS-2k5LSM4-s8n4SG-5nU48P-5nYjYs-5nU58r-5nU4d4-5nYi7o-5nYi3G-5nU43c-5nU3h6-5nU4iR-5nYicw-5nU3eV-22uUsKQ-5nU578-6at2Tn-Fbmdt-J5MUZE-5nYjaG-5nYjUE-5nU57M-5nYjC3-5nU4nz-2e854Th-5nU3oM-5nYi1q-5nYi5A-5nU4or-5nYie9-2jfZA7Y-5nU3Pk-5nYjfb-5nU3mB-5nYjZs-dTS8Fk-uGebyk-UPBbrN-duq3P2-KqK1ef-dXF5XN-2nb9Pie-2j6rnrG-duq3Z4-2hvhQ1V-USB5Qk

21.12.2023 Скопје

Соединетите Американски Држави се на пат да станат најголемиот светски производител на нафта во историјата, според најновиот извештај на S&P Global Commodity Insights.

Извештајот прогнозира дека САД ќе произведуваат рекордни 13,3 милиони барели сурова нафта и кондензат дневно во текот на четвртиот квартал од оваа година.

Во ноември, според податоците на американската Управа за енергетски информации, неделното производство на нафта во САД достигна 13,2 милиони барели дневно.

Минатиот месец беше соборен рекордот од почетокот на 2020 година, кога за време на претседателствувањето на Доналд Трамп производството на нафта изнесуваше 13,1 милиони барели дневно.

Високото ниво на американско производство ги држи под контрола светските цени на суровата нафта и бензинот.

Аналитичарите на њујоршката инвестициска банка Голдман Сакс во неделата ја ревидираа надолу прогнозата за цените на нафтата во 2024 година.

Банката соопшти дека „клучната причина“ за оваа ревизија е големата понуда на нафта од САД.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author