bajden apneja mehanicka ventilacija

26.12.2023 Скопје

Откако тројца американски војници беа ранети во напад со беспилотно летало во северен Ирак, американскиот претседател Џо Бајден нареди напад врз милициите во Ирак поддржани од Иран.

„Еден од војниците е тешко повреден во нападот во понеделникот“, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Адриен Вотсон.

Според светските медиуми, проиранската група Катаиб Хезболах и нејзините филијали ја имаат преземено одговорноста за нападот со беспилотно летало.

Американскиот претседател Џо Бајден им нареди на лидерите на Пентагон да подготват опции како одговор на нападот врз базата што ја користат американските војници во Ербил.

Портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Адриен Вотсон, истакна дека за само неколку часа, американскиот претседател има собрано тим за национална безбедност, кој го има информирано за опциите, а тој има одлучено дека ќе бидат нападнати три локации што ги користат Катаиб Хезболах и неговите соработници.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author