sad belata kuka

01.12.2023 Скопје

Откако не беше можно да се постигне договор за продолжување на примирјето, денеска продолжија борбите во Појасот Газа, а веќе се пријавени и првите жртви.

Палестинското Министерство за здравство, кое е под контрола на Хамас, тврди дека денеска биле убиени 54 Палестинци, а 30 биле убиени веќе во првите два часа од завршувањето на примирјето. Според нивните податоци, меѓу загинатите најмногу има жени и деца.

Израелската војска денеска бјави дека ги продолжила борбените операции против Хамас во Појасот Газа и дека нејзините авиони изведуваат серија воздушни напади врз цели на милитантната група.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат дека Хамас ги прекршил условите на привременото примирје и истрелал ракета на израелска територија непосредно пред истекот на примирјето во 6 часот по локално време. Тие тврдат дека задачата на израелската армија е да го уништи Хамас за оваа милитантна група никогаш повеќе да не изврши злосторство во Израел, како и да ги врати заложниците дома.

Дорон Шпилман, портпарол на ИДФ, изјави дека воените цели остануваат упоришта на терористите на Хамас, како и локации од кои тие истрелале ракетни фрлачи.

Во следните неколку недели, САД ќе воведат забрана за издавање визи за израелските екстремистички доселеници кои учествуваат во насилството врз палестинските цивили на окупираниот Западен Брег, изјави висок претставник на Стејт департментот.

Според официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, американскиот државен секретар Ентони Блинкен, за време на состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и воениот кабинет, ги информирал израелските власти дека САД ќе преземат мерки против одреден број луѓе.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека жали за продолжувањето на воените операции во Појасот Газа по прекинот на седумдневниот прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

„Длабоко жалам што повторно почнаа воените операции. Сè уште се надевам дека ќе биде можно да се врати паузата што беше воспоставена“, напиша Гутереш на платформата Х.

Детскиот фонд на Обединетите нации, УНИЦЕФ, повика на траен прекин на огнот во Газа, опишувајќи го неуспехот да се дејствува како „санкционирање на убиства на деца“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author