14.12.2023 Скопје
Во извештајот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) се наведува дека Русија повторно стана најголемиот снабдувач на нафта за Кина и Индија.
Русија обезбеди речиси 17 отсто од вкупниот кинески увоз на нафта, Саудиска Арабија 14 отсто, а Малезија околу 12 отсто.
Увозот на нафта во Кина е зголемен за четири отсто во октомври во однос на септември и изнесува 11,6 милиони барели дневно.
Податоците на ОПЕК покажуваат дека Русија веќе една година е лидер во снабдувањето со нафта на Индија, обезбедувајќи 36 отсто од вкупниот увоз во таа земја.
Вкупниот увоз на нафта во Индија во октомври е зголемен за 2 отсто во однос на септември, на 4,4 милиони барели дневно.
Подготвено од А.Ѓ.