nasa 29,12,

29.12.2023 Скопје

Руската државна вселенска агенција Роскосмос објави дека програмата за заеднички летови со НАСА до Меѓународната вселенска станица (МВС) се продолжува до 2025 година.

Заедничките летови продолжуваат да ја „одржуваат веродостојноста на операцијата на ISS“ и ќе бидат извршени на руски и американски вселенски летала, соопшти Роскосмос.

Во тие летови, еден американски астронаут се испраќа во ISS како дел од екипажот на руското летало, односно еден руски космонаут станува дел од американскиот екипаж.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author