28.12.2023 Скопје
Фудбалерите на Ал Наср во дербито го совладаа Ал Итихад со 5:2, а натпреварот го одбележаа Кристијано Роналдо и Садио Мане.
Ал Итихад поведе со голот на Абдеразак Хамдала во 14. минута, а само пет минути подоцна Кристијано Роналдо од пенал го израмни резултатот на 1:1.
Потоа Андерсон Талиска направи гол за 2:1, но Хамдала во 52. минута израмни на 2:2.
Повторно Португалецот беше стрелец од пенал за 3:2, а сите дилеми околу победникот ги реши Садио Мане со два гола за 5:2.
Инаку, Роналдо сега е на скор од 53 гола оваа година и моментално е најдобар во светот, штом ги надмина Хари Кејн и Килијан Мбапе. До крајот на годината нема да играат Англичанецот и Французинот, а единствен кој можеше да го стигне Португалецот е Ерлинг Халанд кој има 50 гола и уште два натпревари, додека Кристијано има уште еден.
Подготвено од А.Ѓ.