RIK srb

19.12.2023 Скопје

Врз основа на обработени 96,68 отсто избирачки места, од вкупно 8.273 на парламентарните избори, листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ освоила 46,71 отсто или 1.721.572 гласови, објавено е на сајтот на РИК.

Изборната листа „Србија против насилството“ освоила 23,58 отсто од гласовите.

За изборната листа „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“ гласале 6,57 отсто, додека коалицијата НАДА освоила 5,03 отсто од гласовите.

Списокот на Бранимир Несторовиќ „Ние – гласот на народот“ освои 4,69 отсто од гласовите.

За коалицијата Заветници-Двери гласале 2,78 отсто од гласачите.

Сојузот на Унгарците од Војводина освои 1,70 отсто од гласовите, додека 1,47 отсто од гласачите гласаа за Српската радикална партија.

Изборната листа „Усаме Зукорлиќ – Обединети за правда – Партија на правдата и помирувањето – Босанците од Санџак, Томислав Жигманов – Демократски сојуз на Хрватите во Војводина“ освоила 0,77 отсто од гласовите, а за изборната листа „СДА Санџакљан – Сулејман“ 0,59 проценти.

„Продолжува политичката борба на Албанците – Шаип Камбери“ освои 0,37 отсто од гласовите.

Руската партија освои 0,3 отсто од гласовите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author