27.12.2023 Скопје
Во текот на ноември 2023 година, млекарниците купиле вкупно 6.819 тони сурово кравјо млеко од фармерите во Република Српска, што е за 5,6 отсто помалку во споредба со истиот месец лани или осум отсто помалку во однос на октомври годинава.
Според податоците на Републичкиот завод за статистика на Република Српска, лани во ноември биле произведени и откупени 7.223 тони сурово кравјо млеко.
Споредено со истиот период лани, производството на павлака е зголемено за 15,4 отсто, на кравјо сирење за 8 отсто и на ферментирани млечни производи за 4,5 отсто, додека истовремено е намалено производството на млеко за пиење за 5,4 отсто, а на путер и други жолто масни производи за 10,4 отсто.
Во текот на ноември, во однос на октомври 2023 година, млекарниците го зголемиле производството на млеко за пиење за 14,1 отсто.
Во истиот период е забележано намалување на производството на кајмак за 1,8 отсто, путер и други производи со жолта маст за 6,1 отсто, кравјо сирење за 11,7 отсто и ферментирани млечни производи за 12,4 отсто.
Подготвено од А.Ѓ.