13.12.2023 Скопје
Република Северна Македонија само во првите 10 месеци од годинава успеала да и извезе стоки на Германија, една од најголемите економии во Европа. Знаејќи дека сите беа скептични и веруваа дека германската економија оваа година сепак ќе забави.
Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци на Република Северна Македонија за трговска размена во светот, но од сите треба да сме горди на трговската размена со Германија во вредност од 3 милијарди евра.
Ова во споредба на минатите години покажува дека нема големи варијации во вредноста на извозот, изразено во бројки тоа би било само 0.1% во споредба со истиот период лани. Со овие статистики и податоци сепак се потврдува фактот дека македонската економија е доста зависна од германското стопанство.
Македонските производи кои се во голема мера вклучени во германскиот конзум се клучни и имаат најголемо влијание на извозот кон Германија и имаат најголема улога на одржливост на функционална македонска економија. Бројката од 44,4 % на целосниот македонски извоз кон Германија сепак укажува на зависност на нашата извозно ориентирана економија кон големите шокови на германското стопанство. Иако, постои ризик, постои и надеж затоа што Германија е една од десетте извозно ориентирани економии во светот и е една ако не и најголема движечка сила во Европа.
Кога станува збор за трговската размена со соседите не стоиме најдобро. Од соседите единствено со Косово имаме бројки кои покажуваат поголем извоз одошто увоз, за разлика од Србија, Грција и Бугарија со кои имаме поголем увоз одошто извоз.
Подготвено од М.Д.