13.12.2023 Скопје
Четвртиот топлотен бран што ја зафати Шпанија во декември донесе и рекордни температури од речиси 30 степени, што влијаеше и на почетокот на скијачката сезона.
Последниот топлотен бран ја направи оваа година најтоплата година во историјата на Шпанија.
Портпаролот на националната метеоролошка агенција АЕМЕТ, Рубен дел Кампо, изјави дека градовите на медитеранскиот брег, како што е Валенсија, забележале температура од најмалку 27 степени, два степени повисока од претходниот рекорд за последниот месец од годината.
Тој додаде дека незабележливата топлина, заедно со предвидувањата за слаби врнежи до крајот на февруари, најавуваат „не многу добра сезона за зимски спортови кои зависат од обилен снег“.
АЕМЕТ прогнозира дека необичните горештини најверојатно ќе завршат по среда, кога постудениот воздух ќе ги спушти температурите на понормални нивоа за декември.
Подготвено од А.Ѓ.