05.12.2023 Скопје
Министерството за внатрешни работи распиша потерница по првоосомничениот за организираното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Љупче Палевски Палчо е осомничен дека ги застрелал Вања и Панче, а се бара за сторени кривични дела киднапирање и убиство.
Станува збор за човек кој има политичка партија, претходно бил приведен во Србија по хрватска потерница, а наводно се занимава и со градежништво.
Палевски има десничарска партија во Северна Македонија, се занимаваше со градежништво и беше во екстрадиционен притвор во Белград по меѓународна потерница од Хрватска. Имаше и свој подкаст.
Меѓу осомничените за убиството на Вања е и штипјанецот Влатко Кешишов, кој е приведен и уапсен. Третоосомничен е Велибор Манев кој исто така е приведен.
Притвор се бара и за третиот приведен, велешанецот Бора Видевски.
Осомничените биле во блиски односи со Палевски преку радикалната „Десна партија“, а на нивните Фејсбук профили споделувале фотографии со Палевски.
Според она што може да се види на неговиот Фејсбук профил, Палевски секојдневно се рекламирал освен на 27 ноември кога беше киднапирана и убиена 14-годишната Вања.
Подготвено од М.Д.