13.12.2023 Скопје
Халдун Ал Мубарак, човекот кој ги има сите најважни функции во арапскиот свет е во посета на Белград, Србија, каде се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Ал Мубарак ретко патува со тимот на Манчестер Сити поради обврски, но неговото денешно доаѓање, особено во светло на војната во Газа, ја покажува важноста на односите меѓу Емиратите и Србија, како и важноста на Белград, како и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој доаѓа и како специјален пратеник на шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, претседателот на Емиратите и најмоќниот човек во светот.
Ал Мубарак го има мандатот на претседател на Дирекцијата за извршни работи, специјализирана владина агенција која советува за стратешка политика за неговото височество.
Неговото височество Шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахајан, претседател на Обединетите Арапски Емирати. Тој е и специјален пратеник на претседателот за Кина, а е одговорен и за неколку други земји во име на ОАЕ.
Ал Мубарак е член на Извршниот совет на Абу Даби, функција што ја извршува од 2006 година и член на Врховниот совет за финансиски и економски прашања на Абу Даби. Тој е исто така член на Советот за истражување на напредната технологија во Абу Даби, ко-основач на Деловниот совет САД-ОАЕ и Стратешкиот дијалог ОАЕ-Франција и копретседател на Заедничкиот форум Абу Даби-Сингапур.
Исто така, Ал Мубарак е и управен и извршен директор на Групацијата Мубадала, компанија за иновации вредна 276 милијарди долари со средства во повеќе од 50 земји и 6 меѓународни канцеларии. Тој има управувано со компанијата од нејзиното основање во 2002 година, и преку органски раст, превземања и спојувања, го има надгледувано континуираното генерирање на одржлив финансиски приход за акционерот на Мубадала, Владата на Абу Даби.
Ал Мубарак, исто така, претседава со одборите на неколку значајни компании, вклучително и Абу Даби Комерцијална банка, Емирати Глобал Алуминиум и Емирати Нуклеар енергетска корпорација. Тој е член на Одборот на директори на Националната нафтена компанија Абу Даби (ADNOC) и Г42, глобална компанија за вештачка интелигенција со седиште во Абу Даби. Тој беше и еден од клучните актери во основањето на Универзитетот во Њујорк во Абу Даби и е член на Одборот на доверители на тој универзитет.
Од 2008 година е претседател на фудбалскиот клуб Манчестер Сити, најуспешниот тим од Премиер лигата во последната деценија. Манчестер Сити, исто така, е моментално највисоко рангираниот фудбалски клуб на глобално ниво според приходите и се смета за водечки светски фудбалски бренд.
Ал Мубарак е и претседател на „Сити фудбалската групација“ основана во 2013 година, која ги вклучува „Манчестер Сити“, „Њу Јорк Сити“ и „Мелбурн Сити“. Групата сега има 13 клубови во рамките на својата глобална мрежа, а нејзината вредност се проценува на повеќе од шест милијарди долари.
Својата кариера Ал Мубарак ја има започнато во АДНОЦ, по што имаше неколку менаџерски позиции во „Економскиот совет на Тавазун“, порано познат како ОАЕ Офсетс Груп, пред да ги преземе неговите сегашни должности.
Подготвено од А.Ѓ.