13.12.2023 Скопје
Јапонското Министерство за здравство соопшти дека денеска во таа земја е регистриран првиот смртен случај од мајмунски сипаници.
Починатиот пациент е маж на 30-годишна возраст со претходна инфекција со ХИВ и без историја на патување, се вели во соопштението на Министерството.
Мајмунските сипаници се вирусна инфекција која се шири преку близок контакт, предизвикувајќи симптоми слични на грип и гнојни рани на телото.
Повеќето случаи се придружени со лесна клиничка слика, но оваа болест може да биде фатална.
За потсетување, вирусот беше регистриран порано во близина на Србија, односно во Романија.
Подготвено од А.Ѓ.