25.12.2023 Скопје
Ветувањето на СДСМ за раст на пензиите и платите се остварува, и просечната плата веќе е порасната на 630 евра, како резултат на економските политики на СДСМ, изјави на прес-конференција Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.
Каевски посочи дека во времето на ДПМНЕ, во 2016 година просечната плата изнесувала 360 евра, и работниците во тоа време земале дури 270 евра помала плата од денешната. Тој додаде дека СДСМ е целосно посветена на зголемување на животниот стандард на работниците, и дека минималната плата е зголемена на дури 20.000 денари, во споредба со 2016 година кога ДПМНЕ беше на власт, во текстилната, кожарската и некои други индустрии, минималната плата беше 9.000 денари.
Низата мерки за намалување на инфлацијата даваат резултат. Во октомври имаме раст на платите кое е за околу 5 пати повисоко, од растот на инфлацијата, и сето тоа дава до знаење дека СДСМ успеа да ја зголеми куповната моќ на граѓаните. Каевски истакна и дека мерка повеќе за сите, е и мерката за поголеми плати во приватниот сектор од 3.000 до 9.000 денари од новите антикризни мерки на владата.
Работодавачот ќе плаќа само персонален данок и ќе има и целосно ослободување од придонесите за пензиско и здравствено осигурување, во делот на зголемување на платите, и со сите овие мерки и зголемувања, граѓаните ќе имаат повеќе пари за трошење, кажа Каевски во своето обраќање.
Подготвено од М.Д.