20.12.2023 Скопје
Утревечер (21.12.2023 година) во големата сала на Домот на АРМ (Музеј на тетовски крај) промоција на сликовницата „Наде и Нено учат за животните“ на авторката Соња Трифуновска.
Настанот е со почеток во 19 часот. На промоцијата покрај промоторите, свој дел ќе имаат и ученици со драмска игра и музичка изведба.
Едукативната сликовница „Наде и Нено учат за животните“ наменета е за деца од 6 до 10 годишна возраст. Таа е истовремено и сликовница, и приказна, и прирачник со дигитални задачи, и книга за деца.
Текстот и илустрациите заедно ја отсликуват играта и учењето низ игра, ја поттикнуваат љубопитноста и интересот кај децата.
Содржината носи воспитна порака за стекнување и негување на знаењата за животните.
За прв пат имаме книга што ги обединува пишаниот збор и модерната технологија – дигитални задачи, врз чија основа се гради новата иновативна и креативна педагошка практика. До задачите се пристапува со мобилен телефон со едноставно скенирање на дадениот QR код.
Соња Трифуновска работи и како одделенски наставник во ООУ „Гоце Делчев“ во Тетово.
Подготвено од А.Ѓ.