08.12.2023 Скопје
Шпанскиот ланец на продавници за облека „Зара“ планира да ја прошири својата дигитална платформа за продажба, поправка и подарување на половна облека во уште 14 европски земји, достигнувајќи го пазарот во подем на Стариот континент.
Услугата „претходна сопственост“ е веќе достапна во продавниците на „Зара“, на веб-страницата и во мобилната апликација во Велика Британија и Франција.
„Зара“ во вторникот објави дека планира да го лансира во Хрватска, Шпанија, Германија, Австрија, Белгија, Словачка, Словенија, Финска, Грција, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија и Португалија.
„Индитекс“, сопственикот на „Зара“, објави дека целта му е да ја продолжи употребата на облеката „зара“. Проектот ќе го намали и отпадот и потрошувачката на суровини.
Други брендови за брза мода, како што е главниот конкурент на Зара, H&M, веќе се обидуваат да зграпчат дел од пазарот за користена облека.
Подготвено од А.Ѓ.