tankeri nafta

12.12.2023 Скопје

Крстосувачка ракета лансирана од земја од територијата под контрола на Хутите во Јемен погоди товарен брод, предизвикувајќи пожар, но без жртви.

Нападот на танкерот „СТРИНДА“ се случил на околу 110 километри северно од теснецот Баб ал-Мандаб, синоќа околу 22 часот, изјави еден од официјалните лица.

Американскиот разурнувач УСС Мејсон прв дојде на помош, додаваат властите.

Хутите се вклучени во конфликтот на Блискиот Исток од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас, напаѓајќи бродови во Црвеното Море и гаѓајќи беспилотни летала и проектили кон Израел.

Во саботата Хутите рекоа дека ќе го таргетираат секој брод што ќе се упати кон Израел, без разлика од која земја доаѓа, и ги предупредија меѓународните бродски компании да не соработуваат со израелските пристаништа.

Хутите велат дека нападите се во поддршка на палестинските власти и ветија дека ќе продолжат со нападите додека Израел не ја прекине офанзивата на Појасот Газа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author