kosovo

01.12.2023 Скопје

Владата на привремените институции на Приштина го продолжи рокот за пререгистрација на возилата со таблички „РКС“ до 15 декември.

Така, рокот е поместен за уште 15 дена.

„Продолжен е рокот за регистрација со финансиски поволности за сопствениците на возила со ознаки ПР, КМ, ПЗ, ГЛ, УР, ПЕ, ДА или ЃА за уште 15 дена“, се вели во соопштението на владата во Приштина.

Се додава дека т.н косовската полиција побара продолжување на рокот со образложение дека, како што се наведува, постои голем интерес на граѓаните во четири општини на северот на Косово и Метохија за промена на регистарските таблички.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author