14.12.2023 Скопје
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес официјално одобри спроведување истрага за импичментот на американскиот претседателот Џо Бајден поради обвинувањата на републиканците дека бил вмешан во коруптивни практики и дека во периодот додека бил потпретседател на САД, од 2009 до 2017 година, профитирал од деловните потфати на неговиот син.
Сите републикански членови на Претставничкиот дом, кои имаат мнозинство, 221 од нив, гласаа за прифаќање на иницијативата за импичмент на Бајден, додека 212 пратеници беа против.
Процесот на импичмент може да доведе до крајна казна за претседателот – да биде сменет од функцијата доколку биде осуден во Сенатот.
„Не ја преземаме оваа одговорност лесно и нема да го прејудицираме исходот од истрагата“, рече претседателот Мајк Џонсон, додавајќи дека доказите досега е невозможно да се игнорираат.
Американскиот претседател Џо Бајден вчера, по одобрувањето на официјалното покренување истрага против него, изјави дека републиканците во Претставничкиот дом на САД го нападнале со „лаги“, додека во соопштението објавено од Белата куќа, Бајден ја нарече истрагата „неоснована политичка финта“.
Истрагата за импичмент се фокусира на тоа дали Бајден имал корист од деловните зделки на неговиот син Хантер Бајден во странски земји, а гласањето се одржувало неколку часа бидејќи синот на Бајден одбил да сведочи зад затворени врати.
Републиканците во Домот тврдат дека Бајден и неговото семејство неправилно профитирале од одлуките во кои учествувал постариот Бајден додека бил потпретседател од 2009 до 2017 година.
Нивната истрага сега се фокусира на зделките на Хантер Бајден во Украина и Кина во тој период.
Белата куќа ја отфрла истрагата како политички мотивирана и не заснована на факти.
Бајден ги критикуваше републиканците што не поддржаа ниту еден од неговите домашни приоритетни предлози или не гласаа за итна финансиска помош за Украина и Израел.
„Републиканците во Претставничкиот дом нема да ми се придружат. Наместо да прават се за да го подобрат животот на обичните Американци, тие се фокусирани да ме напаѓаат со лаги“, рече американскиот претседател.
Бајден се подготвува за можна нова претседателска трка против Доналд Трамп, кој беше негов ривал на изборите во 2020 година.
Трамп е првиот претседател во американската историја кој двапати е отповикан и моментално се подготвува за четири претстојни судења.
Истрагата може да им помогне на републиканците да ги истуркаат своите наводи за корупција во поголемиот дел од претседателската кампања во 2024 година.
Гласањето се одржа три месеци откако републиканците неформално ја почнаа истрагата, а не е неопходен чекор да се отстранат претседателот или други функционери од нивните функции.
Подготвено од А.Ѓ.