22.12.2023 Скопје
Македонската берза одржа годишна церемонија за 2023 година, на која беа доделени награди за висококотирани компании, за членки на берзата, но и за други субјекти, кои се директно поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност, која се одржа на 21.12.2023 година. Притоа како најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2023 година, и добитник на престижната награда по избор на новинарите и медиумите беше прогласен АЛКАЛОИД АД Скопје.
Признанието што АЛКАЛОИД АД Скопје го добива сосема заслужено по 11 ти пат, доволно кажува за највисоки стандарди на корпоративно работење и управување во компанијата. Тоа е доказ плус дека исклучителната посветеност и транспарентност во работењето, но и за високиот успех и квалитет на комуникацијата што се одржува во компанијата, уште поголем поттик за уште поквалитетно работење на компанијата.
АЛКАЛОИД АД Скопје воедно е добитник уште на една награда, а тоа е наградата за Акција на годината за 2023 година, во сигласност на гласовите на пошироката јавност.
Подготвено од М.Д.