04.12.2023 Скопје
По пленарната седница на албанскиот парламент дошло до жесток судир меѓу членовите на Демократската партија и обезбедувањето.
На почетокот на седницата пратениците со столови го блокираа преминот на претседателката на Собранието, Линдита Никола, а подоцна камерите го снимија пратеникот на Демократската партија Фљамур Нока како се обидува да го запали парламентот, додека тој беше забележан како палел чаршафи и ги става под купот столчиња.
Никола го исклучи пратеникот на Демократската партија и ја затвори пленарната седница на која пратениците зборуваа за проблемите на гласачите.
На видеото се гледа дека пожарот е изгаснат благодарение на интервенцијата на обезбедувањето.
Поранешниот премиер Сали Бериша истакна дека сето тоа се „облици на граѓанска непослушност“.
Тој нагласи и дека опозицијата ќе ја продолжи борбата за формирање собраниски комисии, што според него е неспорно уставно право.
„Денешната граѓанска непослушност е успех на пратениците од опозицијата. Видовте како го опколија парламентот, иако на вратата беа поставени 15 чувари, но ништо не ја спречи акцијата. Тие беа принудени да функционираат како парламент во пештера“, рече Бериша.
Тој додаде дека „креативноста во одбраната на парламентаризмот нема граници“.
Пред две недели се случи уште еден инцидент во албанскиот парламент, кога седницата на парламентарното собрание заврши пет минути по нејзиното започнување, бидејќи пратениците од опозицијата запалија димни бомби.
Веднаш по усвојувањето на буџетот за 2024 година со мнозинство гласови, пратениците од опозицијата запалија димни кутии, па продолжувањето беше невозможно.
Опозицијата направи барикади и од столчиња.
Подготвено од А.Ѓ.