albanski parlament haos

15.12.2023 Скопје

Пратениците на опозициските партии во Парламентот на Албанија го прекинаа отворањето на седницата барајќи Владата да спроведе истрага за корупција.

Обезбедувањето ги спречи пратениците од опозицијата, кои беа казнети за предизвикување нереди во собранието пред 10 дена, да влезат во зградата на парламентот.

Поради ова, пратениците на Демократската партија се обидоа да ги спречат пратениците на владејачката Социјалистичка партија да влезат во салата, а тие мораа да го користат споредниот влез.

Парламентот требаше да гласа за контроверзниот договор за миграција со Италија, но претседателката Линдита Никола ја отстрани точката од дневниот ред откако Уставниот суд ја стави ратификацијата во мирување.

Седницата траеше околу 10 минути, а некои предлог-закони беа усвоени со брзо гласање од владејачката партија на албанскиот премиер Еди Рама, по истиот метод што го користеа при носењето на многу закони, вклучително и буџетот за следната година.

Пратениците на опозициската Демократска партија, Фљамур Нока и Албан Вокши, пред една недела предизвикаа нереди во албанскиот парламент со палење факели за време на пленарната седница.

Пратениците на почетокот на седницата најпрво го блокираа преминот на претседателката на собранието Линдита Николи со столчиња кои ги кренаа на говорницата во центарот на салата. Дојде до пресметка со обезбедувањето, по што пратеникот на Демократската партија, Фљамур Нока запали факел.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author