22.12.2023 Скопје
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до сите земјоделци објави потсетување за аплицирање за дополнителни директни плаќања од програмата за финансиска помош во земјоделието за тековната 2023 година, со напомена дека рокот за аплицирање е 25 декември 2023 година.
Земјоделците своите барања треба да ги поднесуваат во електронска форма, со најава во системот, преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“ на веб страната од АФПЗРР https://www.ipardpa.gov.mk.Пополнетото барање треба да се испечати и потпише и да се достави во писмена форма до АФПЗРР, преку пошта, или директно да се достави до архивата на Агенцијата.
Покрај веќе постоечките мерки 1.5, земјоделците можат да аплицираат и за следните мерки:
- „Мерка 1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерката 1.1.за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион“
- „Мерка 1.7 Дополнителни директни плаќања од подмерката 1.4.за градинарски култури предадени во преработувачките капацитети“
- „Мерка 1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерката 1.8.за остварено производство на овошје“
- „Мерка 1.10 Дополнителни директни плаќања од подмерката 1.8. за овошје предадено во преработувачките капацитети“
- „Мерка 1.13 Дополнителни директни плаќања од подмерерката 1.12. за остварено производство на грозје и како последна,
- „Мерка 2.20 Директни плаќања за лабораториски анализи на физички и хемиски својства на мед“
Министерството воедно упатува и апел до земјоделците, навремено да ги пополнат и достават своите барања, и благовремено да аплицираат, како би можеле да го остварат своето право за Дополнителни директни плаќања за полјоделски и градинарски култури, и овошни и лозови насади.
Подготвено од М.Д.