https://www.flickr.com/photos/28944379@N02/24607659315/in/photolist-DuuFNc-2n4Mvkm-2kP5SXc-2mNxTs2-2ngfQ3S-2kNJHsQ-2mhXcVj-2mimkPM-2koca4J-2hycPix-2cyQ3SP-2n67GZi-2na8Yb6-2nv3FLD-2kzzt4s-VeuVzh-2jHHN62-2ky4mn6-2jXgo4Y-2nhyPCh-2hmYiX6-Y8imE3-2kxRo8J-2jNGE4s-YJfBKK-2nsKgbW-2kMDM7X-24LYA7V-2k8kyCW-2k8MVaf-2kcs5nG-QAE3x5-2kuXKGt-2aDJWAf-2kLSC76-2kt8Dqh-2jNhbz4-PX4fyp-uH6YLE-2jLaPyj-dArWGH-2in2ADP-2hiD2gM-2kH6Sae-2d8VRm8-2kGJCUo-2nucoEH-2jpDjG7-NVo6VW-RFBpDY

20.12.2023 Скопје

Според истражувањето во ноември на агенцијата Lendinf Club, мнозинството Американци, 62 отсто, живеат „од плата до плата“. Ова е ист процент како и пред една година и покрај падот на инфлацијата во наведениот период.

Националната федерација за малопродажба на САД, и покрај ова, очекува расходите за празници од 1 ноември до 31 декември да пораснат меѓу три и четири проценти на годишно ниво, на речиси 966,6 милијарди долари.

Половина од американските потрошувачи планираат да преземат дополнителни долгови за да ги покријат трошоците за време на празничната сезона, покажува истражувањето на Али банка.

Експертите предупредуваат дека кредитните картички го зголемуваат ризикот од задолжување.

Истражувањето за август покажа дека 74 отсто од Американците се под стрес за нивните финансии.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author