16.12.2023 Скопје
Повеќе од 1.700 лица се уапсени во 10 азиски земји во рамки на широката операција против шверцот на нелегално огнено оружје, соопшти меѓународната полициска организација Интерпол.
Повеќе од 700 парчиња оружје, неколку стотици делови и повеќе од 45.000 парчиња муниција беа запленети во првата координирана операција на Интерпол во Азија против нелегалното огнено оружје, наречена Операција Trigger-Salvo II.
Целта на операцијата спроведена меѓу 13 и 24 ноември беше да се спречи прекуграничното движење на огнено оружје и да се воспостават врски меѓу терористите, транснационалните организирани криминални групи и шверцерите на оружје, се наведува во соопштението.
Подготвено од А.Ѓ.