https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10161502088864466&set=pb.789364465.-2207520000..&type=3

01.12.2023 Скопје

Мухамед Зеќири, поранешен генерален секретар на Владата, е осуден на 2,5 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување.

Зеќири ќе треба да врати над 71 милион денари во државниот буџет. Ова е неправосилната пресуда која што ја донесе кривичниот суд во Скопје.

На поранешниот генерален секретар на Владата му се судеше поради договорот со фирмата „Интерхолдинг“ за консултантски услуги за потенцијална приватизација на „Пошта“ и Железници транспорт.

Според обвинението, Зеќири има направено штета од над 57 милиони денари на државниот буџет.

Со оглед на тоа што во пресудата ќе биде пресметано и времето што Зеќири го помина во притвор во затворот во Шуто Оризари, а потоа и во куќен притвор, му остануваат уште 11 месеци за издржување на казната, по правосилноста на пресудата.

Зеќири најави жалба затоа што смета дека пресудата е неоснована.

По објавувањето на пресудата, Зеќири изјави дека во целиот процес никаде и ниту во еден момент не беше докажана негова умисла во склучувањето на договорите, затоа што „јас амо сум спровел умисла на други, односно на Владата, кои беа предложени од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Судот смета дека поранешниот генерален секретар на Владата е виновен затоа што од април 2021 година до март 2022 година, во својство на генсек има извршено две временски поврзани дејствија.

„Како службено лице презел дејствие со намера за друг да прибави имотна корист. На 4.5.2021 година, без спроведување на јавна постапка, склучил договор со фирмата ‘Интерхолдинг’ на износ од 795 илјади евра без ДДВ, во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани кои не се достапни на органите на прогон“, истакна судијката Јанчулева Михаиловска во пресудата.

Подготвено од М.Д.

About Author