20.12.2023 Скопје
Сојузниот уставен суд на Германија нареди делумно прегласување на националните избори за Бундестагот во 2021 година во Берлин поради пријавени неправилности на многу избирачки места.
Судот одлучи дека изборите мора да се повторат во 455 од 2.256 изборни единици во Берлин, главниот град на Германија и една од нејзините 16 сојузни покраини.
На 26 септември 2021 година, Берлин одржа федерални избори, избори за 12 општински собранија на градот, национални избори и локален референдум.
На денот на изборите се формираа долги редови пред многу избирачки места, додека гласачите имаа проблеми со дополнителни гласачки ливчиња. Некои избирачки места останаа без гласачки ливчиња во текот на денот, а други добија ливчиња за погрешна област, што резултираше со голем број неважечки ливчиња.
Како проблем се појави и податокот дека излезните анкети беа објавени додека дел од гласачите се уште чекаа на ред да гласаат кога гласачките места се затворија во 18 часот.
Подготвено од А.Ѓ.