28.12.2023 Скопје
Во Црна Гора денеска е последниот ден од пописот на населението, а според директорот на Дирекцијата за статистика, Мирослав Пејовиќ, досега се регистрирани 627.340 лица.
Евидентирани се и 201.935 домаќинства и 365.139 станови.
Тој пред Комисијата за следење на спроведувањето на Договорот за условите за одржување на пописот рече дека до 30 декември ќе се пребројат сите граѓани кои ќе се пријават до крајот на денот, а првите прелиминарни податоци може да се очекуваат на 25 јануари.
Тој додаде дека не е пријавена ниту една неправилност, а вчера, како што рече, Монстат имал голем број јавувања од граѓани кои не биле регистрирани.
„Пописот дефинитивно завршува денеска, но сакавме да се сретнеме со секој граѓанин што ќе се јави до крајот на денот со барање да биде наведен. Ако не стигне денеска, тогаш утре или задутре“, рече Пејовиќ. Тој рече и дека по празниците ќе биде објавен оглас за оператори потребни во втората фаза на внесување податоци во базата.
„Се уште размислуваме за бројката, 60 или 120 оператори. Планиравме да работиме во две смени за што побрзо да го завршиме процесот на внесување податоци“, изјави директорот на Монстат.
Тој посочи дека само Монстат може да ги толкува податоците и ги повика социјалните чинители да се воздржат од тоа. Тој потсети и дека сите непријавени граѓани можат да се пријават во Монстат денеска до 16 часот.
Подготвено од А.Ѓ.