https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Winter_forest_silver.jpg

05.12.2023 Скопје

По саботниот снег и сообраќаен хаос во поголемиот дел од Австрија, вклучително и Виена, денеска оваа алпска земја страда од екстремно ниски температури на воздухот.

Поларниот студ, меѓу другото, го зафати и северот на Австрија, каде утрово е забележана најниска температура од -25,4 степени Целзиусови, јавуваат австриските медиуми. Станува збор за градот Гугу во општина Либенау.

Но, и другите делови на Австрија беа погодени од обилен снег, силен ветер и екстремен студ. Според пишувањата на медиумите, утрово најстудено било во сојузната покраина Долна Австрија, која граничи и со покраината и со градот Виена.

Во Виена е забележано – 9, со студен ветер, кој често дува во главниот град на Австрија. Покрај сообраќајни незгоди, поради ниските температури, имаше и пречки во јавниот превоз.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author