04.12.2023 Скопје
Податоците на Светскиот совет за злато, база на информации за резервите по држави, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Република Северна Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот, односно поседува 6,89 тони.
Некои земји во регионот речиси и воопшто да немаат девизни резерви на злато. Дел од нив го користеа своето злато како гаранција за позајмици и кредити.
Хрватска ги продаде своите последни резерви на злато во 2005 година и заработи вкупно 146 милиони долари. Доколку ги зачувале златните резерви, по моменталните рекордни цени на златото, би заработиле 710 милиони долари.
Србија ги зголеми своите резерви на злато за повеќе од 10 тони и во моментов има 32 тони во вредност од 1,66 милијарди евра.
По Република Северна Македонија следуваат Словенија со 3,17 тони, Босна и Херцеговина со 2,98 тони и Црна Гора со 1.090 килограми злато заложено за кредит.
Според официјалните податоци, за Хрватска бројката е нула.
Подготвено од А.Ѓ.